БОСНА пет години по Дејтон

Вовед

  Во Ноември 1995 Дејтонскиот мировен договор(ДМД) ја заврши тројната граѓанска војна која ја пустошеше Босна и Херцеговина (БИХ) почнувајќи од април 1992. Визијата од тоа време беше дека по завршувањето на непријателствата ќе претстои реконструкцијата на БИХ како една обединета, мултиетничка и економски можна држава на сите граѓани и на сите три уставотворни народи - Муслиманите, Србите и Хрватите.
Пет години подоцна оптимизмот избледна. Благодарејќи на меѓународното признавање на повеќето границите, Босна е номинално самостојна држава. Но во практика, државата е поделена во три државички, кои грубо кажано Србите, Муслиманите и Хрватите ги контролираат по принцип на поделба 50, 30 и 20 проценти соодветно. И покрај големите инвестиции на персонал и финансиски средства од конзорциумот на интернационални организации (НАТО, ОН, ЕУ, ОБСЕ, Светска Банка итн.) враќањето на бегалците с$ уште не се одвива на ниво доволно за да се обнови предвоената разноликост на населението. Соработката помеѓу елитите на трите групи е с$ уште исклучок, а не норма, а економската ситуација е очајна со невработеност на повеќето граѓани. Жителите на Босна сега можат слободно да патуваат низ земјата. И додека соседните држави Србија и Хрватска се борат да го остават минатото зад себе и да изградат демократски институции и способни економии, Босна е постојано измачувана од де факто поделбата на нејзината територија. Заедничката држава постои повеќе на хартија отколку во реалноста. Интернационалната интервенција по конфликтот ја стабилизира безбедносната ситуација но, постигна малку од своите долгорочни цели.

Постоеше град

back to top

Трагедијата на Босна и големината на предизвикот за меѓунационално помирување како и иницијативите за реконструкција не се никаде поочигледни како во градот Мостар, најголемиот град во историскиот регион Херцеговина, во јужниот дел на земјата. Мостар беше познат како еден од најубавите и најкосмополитски градови на Балканот, една волшебна мешавина на јужнословенска, отоманско-турска и медитеранска културна традиција. Лоциран на два часа јужно од Сараево, Мостар е изграден на двата брега на смарагдно-зелената река Неретва. Неговото големо архитектонско богатство - 'Стари Мост' преку Неретва беше симбол и наследство од минатото, прекрасна елегантна свиена структура изградена по наредба на Отоманскиот император Сулејман Величенствениот во 1566. До пред една деценија, Мостар беше една мала Југославија: неговите 80 000 жители беа модел за соживот меѓу трите заедници на Босна. 34 проценти на населението беа Муслимани, 29 проценти Хрвати и 19 проценти Срби. Во последниот попис (1991) останатите 18 проценти избраа да се запишат како 'Југословени' претпочитајќи го ова пред можноста да присвојат една од 'националните' категории на идентитетот.

Војна и поделба

< href="#back">back to top

До почетокот на 1994 овој жив, космополитски град влезе во историјата. Во април-мај 1992 градот беше тешко оштетен од српските артилериски и тенковски напади од околните ридови кога дел од локалните Срби земаа оружје против декларацијата на Босна и Херцеговина за независност од Југословенската федерација во распаѓање. Србите беа победени и протерани во јуни од здружен муслиманско-хрватски напад. Но не дојде до мир. Екстремните националисти меѓу локалните Хрвати во соработка со десничарската власт во Загреб се обидоа да остварат целосно преземање на градските институции и капацитети. Тие сакаа да го направат Мостар главен град на хрватската државичка наречена 'Херцег-Босна' која требаше да биде оформена од областите на БиХ населени со Хрвати и конечно да го приклучат на Хрватска. Во мај 1993, тензијата која тлееше во градот експлодира во насилство. Босанската хрватска милиција, помогната од војници и опрема обезбедени од вооружените сили на Хрватска, почна безмилосно бомбардирање главно на муслиманските сектори на градот. Муслиманите, иако сериозно натфрлени во оружје, возвратија со голема храброст. Овој жесток конфликт продолжи десет месеци, а беше прекинат со примирје договорено со американско посредништво. Примирјето ги прекина борбите помеѓу Муслиманите и Хрватите низ Босна во март 1994, но тоа сепак не дојде пред да бидат уништени толерантните, мултикултурни традиции кои дотогаш постоеја во Мостар.

Од симбол на разновидноста на Југославија, Мостар стана симбол на поделеност и уништување што го донесе босанската војна. Во ноември 1993, во најозлогласениот чин на вандализам на југословенските војни, хрватските сили намерно го нишанеа и уништија мостот преку Неретва. Кога примирјето ги замрзна хрватско-муслиманските непријателства во земјата во 1994, Мостар стана поделен град, буквално и фигуративно. Муслиманските сили, борејќи се во тешки услови, успеаја да го задржат источниот брег на реката, како и дел од западниот. Но, муслиманскиот сектор на градот беше претворен во купишта урнатини, а неговите граѓани, преплашени од бомби, живееја од малата помош во храна добиена од меѓународните хуманитарни агенции. Хрватите ја повратија контролата над поголемиот дел од западниот брег каде што се концентрирани повеќето од јавните згради и капацитети на градот.

Градот стана непрепознатлив и во некои други димензии. Од 6000 само 35 Хрвати останаа да живеат на источниот брег. На западниот брег од 15000 муслимански жители сите освен 2000 беа протерани до 1994, а понатамошни протерувања се случуваа дури и во 1996 и 1997год. Многу малку Срби останаа на двете страни на овој поделен град. Во текот на војната и во подоцнежните години мноштвото од мостарската професионална и интелектуална класа го напушти градот во потрага по живот и опстанок во странство. Како резултат на ова сегашното население на Мостар (посебно, но не и исклучително на источната страна) претежно се состои од раселени семејства кои побегнале или биле протерани од нивните домови во другите делови на БИХ.

Двете енклави се одделени една од друга со "ничија земја" која се протега по Булеварот кој порано беше главната север-југ артерија што течеше низ градот паралелно со Неретва по западниот брег. Од војната Булеварот е морничава слика на бомбардирани и издупчени згради од куршуми, а околните згради се украсени со "цвеќињата на Мостар"- отпечатоци на ударите на минофрлачите.

Меѓународната интервенција во Мостар, 1994-2000

back to top

Бруталното братоубиство фрла темна дамка врз Мостар, како и врз Босна и Херцеговина во целина. Хрватската политика во Мостар и неговата околина е водена од радикали кои с$ уште не се помирени со пропаѓањето на нивниот проект за создавање на Голема Хрватска. Иако победени во нивната основна цел, овие елементи с$ уште имаат доволно влијание за да доминираат во областите под нивна контрола. Тие го експлоатираат стравот на обичните Хрвати од "реинтеграција" со Муслиманите кои во БИХ ги има 5:1. Во значително посиромашната муслиманска зона на градот, јавното расположение исто така продолжува да биде контролирано од искуствата од војната. Граѓаните се непокорни, горди дека го преживеале хрватскиот план за нивен прогон од градот. Многу од нив ги преживеале хрватските кампови за притвор од времето на војната. Гробиштата на источен Мостар се полни со гробови на млади воени маченици, а ѕидовите на јавните згради се украсени со плакети кои ги слават паднатите команданти кои умреле противејќи се на хрватските напади. За разлика од повеќето Хрвати, муслиманските граѓани на Мостар речиси едногласно го поддржуваат повторното соединување на градот, иако се скептични за можноста од вистински заеднички живот со Хрватите. Но сепак формулата за имплементација на таков "модус вивенди" останува недопирлива пет години по Дејтон.

Мостар е место на интензивни меѓународни заложби и активност од јули 1994, време кога градот беше ставен под супервизија на Европскиот сојуз за администрација на Мостар (ЕСАМ). Откако надлежноста на ЕСАМ истече, во јули 1996, мандатот за развивање на помирувањето и реинтеграцијата беше преземен од НАТО, ОН, ОБСЕ, УСАИД, Светската Банка - кои се дел од сликата по мировниот договор во Дејтон.

Меѓународното присуство во Мостар можеби полага право на два успеха. Големите приливи на меѓународна помош ги повратија јавните капацитети со посебни системи за вода, струја, гас и телефонија за двете зони. Повеќето оштетени згради постепено беа поправени како што беше обновена и шармантната четврт од отоманската ера во муслиманскиот сектор. Меѓународното присуство исто така овозможи релативна слобода на движење помеѓу двата сектори. Клучниот потфат се случи во средината на 1998, кога заеднички регистарски таблички беа воведени за сите коли во БИХ (што значи дека националниот идентитет на сопствениците веќе не може така лесно да се препознае). Другата меѓународна иновација од 1998 е заедничката валута наречена конвертибилна марка (КМ). КМ постепено беше прифатена од хрватскиот сектор, иако хрватската валута - куна, продолжува да биде претпочитуваната валута на суперпатриотите.

Овој напредок, иако не е незначителен, исто така е и незадоволителен. Површната реконструкција и разработувањето на кафе баровите и продавниците за облека низ градот ја кријат суровата реалност дека локалната економија е с$ уште во лоша состојба. Мал број фабрики работат, а локалното ниво на невработеност е најмалку 70 проценти. Во најважната област, во политиката, градот останува поделен во две јасни половини. И покрај огромните напори да се внесе живот во администрацијата на здружениот град, најефективниот авторитет с$ уште лежи во регионалните канцеларии и локалните моќници во двете енклави. Градскиот општествен и културен живот останува критично поделен исто како и школскиот систем. Под интензивен меѓународен притисок скромен напредок е направен кон зацврснувањето на заедничката градска администрација. Но, крајната одржливост на меѓународно наметнатите шеми останува отворено прашање. Дури сега, по години на напорна работа од меѓународните службеници, дојде до "формално" (различно од ефективно) обединување на полициските сили во градот и околниот регион. Од ДПА мал број Муслимани се вратија во нивните домови во западен Мостар, а уште помалку Хрвати во нивните домови на источниот брег (иако неколку стотици Срби, главно постари, се вратија во двата дела на градот, посебно источниот). Поделбата на градот е силна дури и на едно симболично ниво. Линија од високи минариња на ново подигнати џамии ја одбележуваат периферијата на муслиманската територија надвор од Булеварот. На другата страна на Булеварот, почетокот на хрватскиот дел е означен со огромна католичка катедрала со конструкција чиј врв посега кон небото.

Сметката за пет години меѓународен ангажман во Мостар и во Босна како целина е јасна. Економската реконструкција е површна наместо структурна. Моралното и психолошкото помирување остануваат долгорочна цел. На краток рок политичката реинтеграција на деловите на Босна, на начинот кој го претпочита меѓународната заедница, е едноставно неостварлива. Една поефективна стратегија експлицитно би ја нагласила ограничената, постепена соработка преку поделбата, наместо да се труди да ја поништи поделбата како таква. Ова е значајно поради тоа што меѓународните инвестиции во Босна се во процес на забавување и повеќето агенции ефективно ќе ги завршат своите операции до 2002 и 2003. Поскромен пристап и збир од цели би можеле да остават едно покорисно и помалку разделувачко наследство, кое Босанците сами ќе го градат во иднината.

Кога меѓународната заедница пристигна во Мостар нејзините војници изградија привремен мост за пешаци на местото на Неретва каде што се протегаше стариот мост. Овој мост за пешаци беше однесен од наглите поплави кон крајот на 1999, предизвикани од зголемувањето на нивото на реката. Во помалку буквална смисла, меѓународно спонзорираниот мост преку Неретва е подеднакво кревок. Во меѓувреме, проект спонзориран од Светската банка и УНЕСКО за реконструкција на вистинскиот мост е на повидок. По планот би требало да се заврши до 2004.