Plamen RALCHEV
Department of International Relations, University of National and World Economy, Sofia, Bulgaria

Југоисточна Европа во перспективите на проширување на ЕУ

Завршувањето на Студената војна имаше определено влијание и доведе до определени промени во Југоисточна Европа. Земјите во својот фокус на интерес го ставија патот на политичката, социјалната и економската транзиција, градејќи демократски политички системи и слободна пазарна економија. Овие транзициски напори се заеднички за повеќето од земјите, но сепак постојат определени специфични карактеристики за секоја од нив. Она што е заедничко е всушност ориентацијата кон ЕУ и НАТО. Земјите од регионот Бугарија, Романија, Албанија, потоа земјите од распаднатата поранешна Југославија: Словенија, Хрватска и Македонија, ја пренасочија својата надворешна политика кон Евро-Атланската интеграција.

Но без оглед на ваквиот развој Југославија не тргна по истиот пат сe додека Милошевиќ остана претседател. По неговото отстранување од функцијата се појавија одредени индикации за промени во Југославија но тие сепак се со срамежлив и неинтензивен карактер.

Проширувањето на ЕУ кон Југоисточна Европа во повеќето аспекти претставуваше декларативен, отколку практичен напор за нејзина реализација. Главна причина за ваквата состојба е недостигот на визија на ЕУ за насоката во која Унијата како политички и економски ентитет треба да продолжи да се проширува. ЕУ самата по себе не е доволно свесна како Унијата ќе се развива на среднорочен и долгорочен план. Особена предност во овој прилог се даде на состанокот на Европскиот совет во Ница во декември 2000, секако, онолку колку што може да се предвидат институционалните подготовки на ова поле.

Прво, треба да се изгради нов институционален механизам и ефикасна процедура на процесот на донесување одлуки во функција на зголемениот број на потенцијални држави-членки.

Второ, на Унијата и се потребни понатамошни напори за промовирање и поддршка на нејзиниот сопствен идентитет, имајќи го предвид британскиот став кон политиката на ЕУ и данското опирање на еврото.

Трето, потребно е да се справи со очекуваните економски теми кои се однесуваат на Унијата, како што се одржувањето на стабилноста на единствената европска монета (евро), која претставува пречка од самите денови во нејзиниот почеток.

Процесот на проширување на ЕУ не само што претставува предизвик за самата ЕУ, туку и големи очекувања од земјите кандидати за стекнување на асоцијативно или полноправно членство. Проблемот произлегува од фактот дека различни земји се движат на различен начин кон европската интеграција. Иако имаат слични аспирации, сепак, постојат поделби помеѓу кандидатите како по хоризонтална така и по вертикална линија. Земјите кои ја предводат хоризонталната група се централноевропските земји, додека земјите од Југоисточна Европа се потенцијални кандидати во вертикалната група земји. Оваа веќе воспоставена линија претставува обид проширувањето да се изврши на краток и среден рок. Ваквиот пристап најмногу ги засега земјите од СЕЕ останувајќи во вертикалната група и можеби ќе останат на ова, поради што доаѓа и до беспоштедна борба помеѓу земјите од СЕЕ во намерата да го привлечат вниманието на ЕУ.

ЕУ поседува посебна визија за регионот на Југоисточна Европа. Токму овде е одговорот зошто овој регион се смета за посебен дел од Централно Европските земји. Земјите од СЕЕ постигнаа многу различни нивоа во исполнувањето на критериумите на ЕУ. Тие поседуваат различен напредок: Бугарија и Романија аплицираат за членство, додека Македонија и Хрватска неодамна преговараа за договорот за нивниот статус за асоцијација и стабилизација во ЕУ. Очигледно Југославија ќе биде следниот таков случај. Во вакви околности е доста тешко за ЕУ да најде соодветен начин да ги третира еднакво земјите од Југоисточна Европа. Покажувајќи ја својата слабост да воспостави поинаков пристап за секоја од земјите, ЕУ за себе наоѓа дека е полесно да ги собере сите во една група, притоа развивајќи го како инструмент Пактот за Стабилност како начин на интервентна поддршка. Процесот на стабилизирање на Југоисточна Европа се смета како подготвителна фаза за понатамошната Европска интеграција. Од прагматична гледна точка ова претставува обид за еден поинаков пристап кој би ги исполнил политичките и економските критериуми и би воспоставил еден нов вид на односи и интеракција помеѓу земјите во регионот.

Меѓутоа, од ваквиот начин на вреднување Бугарија е длабоко погодена. Се појави силна реакција и од бугарската влада. Ова реакција и има некаква основа бидејќи Бугарија е една од неколкуте земји кои одговараат на политичките критериуми за членство.

Гледано од аспект на економските критериуми, кои се дури и поважни за членство во ЕУ, перформансите на земјите од СЕЕ се значително сиромашни.

Оттука е неопходен регионалниот економски развој како најсоодветен процес со процесот на Европската интеграција. Како што е примерот со Партнерството за мир, каде што се гледа како на подготвителен процес за постигнување на НАТО стандардите.

Пактот за стабилност беше креиран се со цел да ја промовира стабилноста во регионот. Иако, имајќи предвид дека тој е добра идеја или иницијатива, сепак, Пактот не се покажа како соодветен инструмент. Постојат некои корисни точки и моменти во неговата содржина, меѓутоа стратегиските цели не можат јасно да се идентификуваат и оттука отсуствува неговата практична реализација.

Многу важна тема во овој контекст е проблемот на комуникација меѓу политичките, културните, бизнис и економските елити, цивилната размена итн. Каде ќе дојде до една внатрешно-регионална комуникација или комуникација помеѓу регионот и ЕУ? Главната тема е како да се обезбеди прифатлив развој и со што ќе биде крајниот придонес на ЕУ.

Сево ова исфрли на преден план едно отворено прашање: Дали регионот ќе биде реинтегриран во Европа или ќе има маргинален статус? Последниот развој во Македонија и активностите на етничките Албанци еднакво во Косово и во Македонија треба да се земат предвид како опасен придонес во промовирањето на маргиналниот статус на регионот, кој ќе го реафирмира Балканот во периферијата на Европа.

Спротивно на тоа е маргинализација на регионот како контра-сценариото, за асоцијацијата и полноправното членство во ЕУ, што претставува прашање од витален интерес за земјите од Југоисточна Европа. Ова сепак не претставува тема на политичка декларација, туку единствен, повеќе или помалку, веројатен проблем на економски перформанси . Секако дека не е лесно да си сиромашен и да се придружиш во друштвото на богатите. Оттука проблемот на проширувањето на ЕУ е од амбивалентна природа кој упатува на заедничка соработка на политички и економски план во обете димензии како во ЕУ така и во земјите апликанти од Југоисточна Европа.