ЧЕКОР ПО ЧЕКОР КОН МИР
Новостите што доаѓаат од Босна укажуваат дека трајниот мир изгледа неверојатно далечен, подалечен отколку што всушност е. Сликите се навистина мрачни. Во летото 2000 видовме слики на преполни автобуси со муслимански жени кои ја бараат вистината за масакрот врз нивните мажи И синови, што се случи пред пет години во Сребреница. Видовме, исто така, дека беа непријателски пречекани од денешните српски жители на Сребреница кога жените се вратија во Сребреница заради комеморација. Она што овде сакаме да го разгледаме е една друга Босна каде што мирот е изграден по принцип село по село, наспроти многу манифестации на не-така-стара омраза. Тие острови-села на мир треба да се множат.
Во мај 1992 година српските паравоени формации етнички го исчистијаселото Кланец (Кланац), бошњачко предградие на Брчко во северна Босна. Во повеќе наврати во изминатите две години бошњачките раселени лица (РЛ или внатрешни бегалци) се обидуваа да се вратат, било во нивните стари домови кои останале неразурнати, или пак да изградат нови на местата каде што биле разурнати нивните домови.
Како што се случуваше многу пати насекаде во Босна, секогаш надешда при враќањето беше пречекана со фрлање камења од сегашните жители. Малкумина беа изненадени од овој вид судири. Се мислеше дека Србите од Кланец (Кланац) се најтврдокорните опоненти на реинтеграцијата. Србите беа исто така жртви-бегалци, друга раселена заедница, која се плашеше да не биде уште еднаш преселена.
Меѓутоа, во средината на мај, помалку од еден месец по последниот судир, 60 бошњачки семејства почнаа да ги градат нивните куќи во соседството. Србите и Бошњаците формираа комшиски комитет. Србите изразија подготвеност да ги испразнат куќите што ги окупираа.
Денес, Србите им помагаат да се вратат на 700 Бошњаци. Што се случи? Дел од заслугите припаѓа на меѓународната заедница. Новиот дистрикт Брчко во Северна Босна е специјален дистрикт, но неговиот клучен елемент може да се повторува.Најпроблематичната точка на Дејтонските преговори, Брчко, е стратешки коридор кој ги поврзува двете половини од ентитетотРепублика Српска и воедно е северен пристап на ентитетотот Босанско-хрватската Федерација кон Хрватска и Европа.
Неможејќи да биде решен во Дејтон, проблемот беше предаден на меѓународна арбитража. Со едно соломонско решение, американскиот правник Роберт Овен минатата година направи од Брчко автономна област во Босна, која е сопственост на двата ентитета, но на ниеден од нив ексклузивно. Пред тоа тој му даде речиси неограничена моќ на одлучување на амбасадоротР. Вилијам Ференд, меѓународниот надзорник во Брчко. Потпирајќи се на овој авторитет и имајќи ги како грб присуството на трупите на СФОР и помошта од полициско надгледување на ОН, Ференд воспостави ефикасна мултиетничка администрација и полиција во Босна. Областа им дава на раселените Срби чувство дека тие можат да најдат нов дом, да се чувствуваат безбедни, без да бидат принудени да се вратат во Федерацијата. Токму мултиетничката локална полиција ја смири последната побуна во Кланец (Кланац).
Останатиот дел од заслугата се должи на храброста и разумот на жителите на Кланец (Кланац), било да се Бошњаци или пак стари или новодојдени Срби. Манипулирани со години од страна на нивните тврдокорни организации на бегалци или етнички политички партии, кои се потпираат на нив заради евтини гласови, двете групи раселени лица (РЛ) станаа во одбрана на сопствените интереси и си ги подадоа рацете преку етничките поделби, кога согледаа начин заеднички да се живее безбедно. Прифаќајќи ја понудата на надзорникот Ференд Србите се согласија да ги испразнат куќите во замена за слободно и безбедно земјиште насекаде во Областа. Кога раководството на организациите на раселени лица се расколеба околу ова чувствително прашање, а новото собрание на Областа се двоумеше да го потврди договореното, денешните српски и идните бошњачки жители се заканија дека ќе организираат мултиетнички демонстрации (тоа сигурно би биле првите такви демонстрации во Босна). Собранието гласаше мудро и Кланец (Кланац) денес живее во мир.
Битката за траен мир во Босна е далеку од тоа да е завршена. Во Брчко невработеноста достига дури 60%, организираниот шверц е широко распространет, етничките тензии тлеат и понекогаш достигнуваат до точка на вриење, илјадници чекаат да се вратат дома. Но Кланец (Кланац) беше важен чекор.
Колку потенцијални Кланци има во Босна? До неодамна, многу малку. Но, со делување на меѓународната власт, со продолженото присуство на СФОР, активните напори на умерените босански лидери за создавање мултиетнички институции, соекономски ресурси кои ќе произведат " квасец-решенија", како и со храброста и имагинацијата на обичните луѓе, еден ден, можеби, ќе ги има многу повеќе.
____________________________________________
БИОГРАФИЈА [Врати се]
Мајкл Дојл е директор на Центарот за мегународни студии при Вудро Вилсон Школата за јавни и мегународни односи на Универзитетот во Принстон, САД. Тој е автор на повеке студии, мегу кои Начини на водење војни и мир.