УЧИМЕ ЧОВЕКОВИ  ПРАВА

 

Дефиниција за Човекови права : “Тие се збир на принципи и норми создадени врз основа на признавањето на човековото достоинство и разлики кои имаат за цел обезбедување на почитување на тоа достоинство  во две димензии: “човек - човек” и “човек – општество”, а цел е развој на истите”.

 

Се вели дека  правата се (нивни карактеристики) :

1/ УНИВЕРЗАЛНИ – Универзалноста се врзува за човековата природа и независност од културниот контекст. Концептот на индивидуализмот на човековите права не може да се доведе во прашање. Универзализмот мора да биде претпоставен, а друго е прашањето  за неговата примена (реализација). Универзализмот е основна претпоставка за човековите права. Нема влијание различноста (по многу основи) меѓу луѓето.Се применуваат на сите луѓе, без разлика, се базираат врз еднакви базични параметри за сите. Културните разлики кај луѓето може само да ја ублажат универзалноста, но има едно тврдо јадро на овие права кое не се менува и покрај “културниот релативизам”.

2/ НЕОТУЃИВИ – Неотуѓивоста е карактеристика на човековите права, човекот. Индивидуата не може со сила или доброволно да ги отстапи своите човекови права. Не може да се отуѓат ни доброволно, не се преносливи, тие се поврзани со човековото битие. Му припаѓаат на човекот со неговото раѓање, на нив не влијаат разликите меѓу луѓето.

-         важно е како се интерпретираат нештата, на пример, не може со религиозна интерпретација  (пример, фундаменталисти) да се менуваат правата или некои права.

-         Тие права се поврзани со раѓањето на човекот, тие се наддржавни права.

3/ НЕДЕЛИВИ  - Неделиви се бидејќи едно право оди и со друго право, и другите права (“одат во пакет”). Делуваат како систем (“листа на права”), се смета дека само во целина се штитат. Не може легално да се поделат.

4/ АПСОЛУТНИ  - Човековите права не може да се сведат под утилитаристички мерила, т.е. имаат апсолутно важење на човековите права. Може да се ограничат само со човековите права – права на друг човек – систем на права. Во случаи на доминација на поединци станува збор за “апстракни човекови права” (кога некои поединци ги намалуваат или негираат правата на другите поединци). Ограничени се и со “јавно добро” – потреби за заедничко добро  (треба да се каже кои права се ограничени – со права на други и да се дефинира јавното добро (пример е создавање на расна нетрпеливост – што е забрането, всушност се ограничува со услови). Правата на луѓето не се изведуваат до крај за да би можело општеството да опстане, па затоа постојат ограничувања на правата – се модифицира нивното остварување. Се смета дека се “прима фацие”, тие се основа за другите права. Овие права се преддржавни. Индивидуалните права не може да се ограничат во однос на правата на некоја група.

 

·        човековите права се и НЕЗАСТАРИВИ – не застаруваат со протек на време (важат во било кој период од човековиот живот).

ОСОБЕНОСТИ се:

а)      Позитивни права (не се само морални ставови, туку се преточени во позитивно – правни норми затоа создаваат врска меѓу субјектот на правата, објектот на правата (државата и слично), се изразуваат како овластување – кои субјекти имаат нормативни должности, државата ги реализира, цел е да се овозможи уживање на правата:

-         негативно статички (штити од кршење)

-         позитивно користење на правото (реализација)

-         обештетување (при кршење на правата).

б)     Тие се права на индивидуа – негативна и позитивна слобода, упатени се кон државата да овозможи нивно остварување, има две димензии:

  -  државата како “ноќен чувар” – Либералистичка концепција

        - држава на “дистрибутивна правда” – да земе од оние кои имаат повеќе и да им даде на оние кои имаат помалку (даноци – социјална помош) за да може да уживаат елементарни права, правда која дистрибуира барања.

в)      Правата се и Фундаментални  – тие се основа за сите други права (пример, правото на сопственост е основа за правото на владение, имот и сл.). Извираат од човековата природа, а според некои лаици е дека тие имаат специјален, најјак систем на заштита.

-         човековите права мора да се акомодираат – прилагодат

-         за човековите права да се нормираат, нужно е некое нивно ограничување, за да сите други права се овозможат, ограничувањето мора да е минимално.

 

 

Правата може да се ограничат само со:

 

1.      Заради заштита на исто таквите права на друг (ограничување само на опсегот – доменот на реализација за да се постигне максимална реализација на правата на индивидуата, правата се правна категорија).

2.      Заради социјалните цели на безбедноста од одржување на заедницата – јавно добро.

-         Се ограничуваат под определни услови (наброени се):

         -  случај (конкретен)

         -  време (кога тоа трае)

         - опсег (на правото – под различни услови, на пример се ограничува правото на јавно собирање во време на војна).

         Има голем дел на права кои не може да се ограничат, но еден дел можат. Ограничувањата не може да се дискриминаторски (само за некои групи).

 

“Генерации на човекови права”

 

 

Прва генерација се ГРАЃАНСКИ И ПОЛИТИЧКИ ПРАВА

- овие се најстари права и најсилни по своето насјилно апсолутно дејство, важат во сите држави. Постојат 20 – тина права кои се основа на денешната листа. Правата се:

1.      Право на Живот

2.      Слобода од тортура и од друг понижувачки третман

3.      Слобода од ропство и присилна работа

4.      Право на слобода (на дејство) и на сигурност

5.      Право на хуман третман на затворени лица

6.      Слобода од должнички затвор

7.      Слобода на движење и избор на живеалиште

8.      Право на фер судење

9.      Право на ефикасен правен лек

-         право на користење на ефикасен правен лек

10.  Право на неретроактивност на казнено право

11.  Право да се влегува во правниот промет (да се биде субјект на правото)

12.  Право на приватност

13.  Слобода на мисла, совест и вероисповест

14.  Право на изразување на мисла (слобода)

-         забрана за предизвикување на омраза (верска, расна, и слично)

15.  Право на мирно собирање

16.  Слобода на здружување и формирање на групи

17.  Право на брак и на формирање на семејство

18.  Политички права (гласање, избори и слични)

19.  Слобода на странци од арбитрерно протерување

20.  Правна еднаквост на половите

21.  Забрана на дискриминација

22.  Права на малцинства

23.  Право на самоопределување на народите

24.  Право на еднаквост пред законот

 

 

Втора Генерација се ЕКОНОМСКИ, СОЦИЈАЛНИ И КУЛТУРНИ ПРАВА

- Овие права се лоцирани кон конкретна држава (за нејзините државјани) и ја ангажираат државата во целиот нејзин капацитет. Сите права се пресудливи и создаваат притисок врз државата кои кога може да ги оствари. Правата се:

1.      Право на еднаквост  меѓу половите

2.      Право на сопственост

3.      Право на работа

4.      Право на правични и поволни услови за работа

5.      Право на синдикално здружување

6.      Право на штрајк

7.      Право на социјална заштита и социјално осигурување

8.      Право на социјана заштита на мајчинството. семејството и децата

9.      Парво на дом и место на живеење

10.  Право на соодветен стандард на живеење

11.  Право на физичко и ментално здравје

12.  Право на Образование и право на образование за Човековите права

13.  Право на учество во културата (и користење на научниот прогрес на целината)

14.  Авторски права

15.  Право на слобода, истражување и креативни способности

 

Трета Генерација се права кои не се целосно правно регулирани, некои од нив се насочени кон меѓународната заедница. Овие права се во групата на т.н. “меко право” и се оди кон нивно регулирање. За нивно остварување се бара меѓународна солидарност, па затоа и се наречени “СОЛИДАРНОСНИ ПРАВА”.

-         Тие права се:

1.      Право на економско, социјално и културно самоопределување

2.      Право на економски и социјален развој

3.      Право да се учествува во користење на наследството (националното, на цивилизацијата)

4.      Право на мир

5.      Право на здрава околина

6.      Право на хуманитарна помош

-         Право на развој на заедници

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

 

  Графички приказ

                           Главна Страна