Изминатата декада постоеше отсуство на свежи вести за ситуацијата на Балканот. [1] Откога војната заврши, конзументите на полските медиуми имаа многу мала шанса да слушнат нешто ново во корелација со ситуацијата од регионот; пристигнуваа кратки извештаи само за време на изборите или кога ќе се случеше нешто спектакуларно, како на пример: атентатот на премиерот Зоран Ѓинѓиќ, немирите во Косово и тн. Во спротивно, информациите од поранешна Југославија ретко имаат доволна новинска вредност за да се најдат во полските весници или телевизиските станици.
Но како што војната во Ирак се повеќе се наближуваше, случајот Балкан повторно побуди интерес во полските медиуми и јавни дебати.[2] Неколку месеци пред започнувањето на војната во Ирак и во првите неколку месеци од неа, конфликтите во поранешна Југославија често се спомнуваа - обично на многу специфичен начин.[3] Обично се појавуваа како слободни референци што се однесуваат на одредени настани, сочинети од две или три реченици, а сториите обично се претставуваа во рамки присвоени од медиумите во деведесеттите. Тие се над другите рамки поврзани со Балканскиот Холокауст (отпрвин во Босна, после во Косово): неуспехот на “интернационалниот фактор”, (Европската унија, Обединетите нации), хуманитарната интервенција (не војна) и успешноста и високите морални стандарди на САД. Ликовите на актерите во балканската сцена се во голема мера стереотипни: Србите се лоши и диви, додека Босанците, Албанците [4] и Хрватите се жртви на наци- стилот сервиран од Белград, а се посветени на идејата на мултикултурно општество, демократија и др. Но, сите беа спасени со успешна интервенција од страна на САД, додека ЕУ и ОН го гледаа геноцидот без можност да го спречат: со еден збор, Америка ги решаваше проблемите. По решавањето на проблемите Балканот не е повеќе на агендата на медиумите.
Потсетувајки на овие стари рамки, тие повторно беа рециклирани во дебатата околу Ирак и на тој начин ја создаваат сликата за сегашниот конфликт. Што е битно - однесувајќи се на “Југославија”, јазикот користен во медиумските извештаи за Балканските војни се применува при известување за војната во Ирак. Од денешна перспектива можеби изгледа чудно, но на почетокот на војната во Ирак многу политичари и публицисти сериозно говореа околу Операцијата за ослободување на Ирак како хуманитарна операција - обично земајќи ги бомбардирањата во Југославија во 1999 година како модел. Хуманитарните стандарди на милитантните акции беа едни од главните рамки заеднички на репортажите од двете војни. Војната не е повеќе популарен поим кога станува збор за “нашите“ активности или активностите на нашите сојузници; обично се употребуваат поими како “операција”, “интервенција” или “криза”. Како што Генерал Весли Кларк говорејќи за кампањата во Југославија кажа: “Тоа не беше војна. Тука немавме декларација за војна. Правно гледано, тоа не беше војна. И не одевме таму за да освојуваме територија. Тоа беше едно делче од дипломатската стратегија.”[5] Оваа класична реал-политична идеја, во случајот со Балканот е употребена да пронајде друга- повеќе коректна и повеќе “пријателска” замисла во објаснувањето на американската политика како праведна и идеална. [6] Бомбардирањето на Југославија беше прва војна лансирана од морални и хуманитарни прчини, освојувањето на Ирак - следна. Користењето на балканскиот случај во објаснување на средноисточната ситуација донесува веќе тестиран (со ефективна пропаганда) јазик и шанса да се универзализира прашањето на нова морална политика. “Косово” беше корисен претходник, особено затоа што, слично како и при инвазијата во Ирак, САД не обезбедија легален мандат за напад од Советот за безбедност. Но, овие војни беа водени во името на мир и правда. Марек Сивиец, шеф на (Полската) национална канцеларија за безбедност зборувајќи на ТВ за едно интервју со полски генерал, во кое вториов изјави дека: “Буш сега треба да ги уништи Иран и Северна Кореја”, рече дека “тоа е одраз од дилемите на еден војник и сон за мир.”[7] Овој вид на реторика беше на големо употребувана од страна на комунистичката пропаганда за да ги оправда сите видови на советски милитарни интервенции - но со мал успех во јавноста. Но овој пат беше успешно прифатена во јавните дебати и овозможи корисно дефинирање на ситуацијата. Бидејќи воздушните напади или инвазијата не се војна- жртвите се само колатерални штети, без разлка дали се неколку стотини или како во 1999 год. или повеќе илјади како оние во Ирак. Бидејќи се колатерални (во релација со други повеќе важни аспекти при операции) жртви на “нашите” акции практично и не постојат во медумското покривање на војната во Ирак. Во полските медиуми е многу полесно да се најдат слики од американски, британски , полски војници како им даваат бонбони на децата во Ирак, отколку војници “во акција.” Ако “уништувањето” на една држава може да се гледа како “сон за слобода” - лоби групите на платеничките фирми (како МПРИ познати во Македонија и во другите балканска земји) можат неизненадувачки да се наречат Асоцијација на меѓународни мировни операции.
“Сите форми на морална обврска се базираат на раскажувачи кои ја превртуваат историјата во приказна за доброто и лошото”[8] – напиша во 1994 год. Мајкл Игнатиеф, на тој начин покажувајќи ја својата загорченост, бидејќи Западот замижа пред “вистинската приказна за Босна”, и ги прифати лажните стории околу таа војна. Добрата нарација е клучен елемент за сите засегнати страни, но неговата дијагноза околу причините за пасивноста на Западот не беше точна. Босна уште од почетокот на војната имаше силен печат ( и јавна дебата), и иако сликата од тоа што се се случуваше таму не беше најасна, “до 1994 год. сите долго време беа убедени во приказната за Босна, дека Србите беа “лошите момци” и единствени на тоа поле. Во тоа време скоро никој, посебно странскиот печат, не можеше да ја прифати приказната во која сите учесници беа лоши момци.”[9]
Оттогаш, иако понатамошниот западен настап пред Босна (и во следната епизода, кон Југославиаја) можеше да биде виден во повеќе правци, Западот дефинитивно не само што не го прифати - туку исто така разви сопствена приказна во која преовладуваа доброто и лошото. Приказната е комплетна и интегрална; актерите си ги знаеја улогите, имаше по некои мали промени во акциите - за на крајот секогаш да имаме, среќен крај. Во сите видови на балкански стереотип “Косово” зазема специфична позиција: како опозиција на “Босна” – беше успешна приказна. Но овој успех не ќе беше разбран ако не беше конструирана сторијата, која даде (морални) корени за изведувањето на акцијата - лекција научена од претходната војна во бивша Југославија: неуспехот на Западот во Босна, сликите кои беа малку променети после успешната Американска интервенција која заврши со Дејтонскиот договор.
Додека Америка се спремаше за новата војна, Ирак беше инкорпориран во очите на јавноста како продолжение, иако актерите беа скоро исти: импотентите ОН, ЕУ, идеалистичните САД и крволочниот тиранин Садам Хусеин кој сега е дури полош од Милошевиќ и Хитлер. Додека Блискиот Исток е тесно поврзан со изворите на нафта (Нема крв за нафта – No blood for oil) балканската рамка помага да се подигне дебатата на повисоко ниво на општи вредности и морални обврски. Паралелата допушта да се пренесе емоционален набој кој се состои во поимите како Сребреница, Сараево или Косово во еден нов, различен контекст - без понатамошно навлегување во детали. Моралниот императив практикуван во “Косово” бара (или post factum оправдува) нова акција или интервенција во Ирак.
Прашањето до кој степен сликите од Босна, Хрватска или Косово, Албанците се креирани од јавното мислење или рекламните агенции е отворено, но несомнено особено “Холокаустната рамка” беше спектакуларен успех на споменатата комерцијална активност. Оваа работа беше дури и наградена во 1993 година од Американската асоцијација за односи со јавноста (во категоријата на кризни комуникации).Џејмс Харф, директор на Global Public Affairs for Ruder & Finn кој ја водеше кампањата во Босна, на едно интервју објасни:
“Никој не разбираше што се случува во Југославија. Повеќето од жителите во Америка веројатно се беа запрашале во која африканска држава се наоѓа Босна. Но, во еден замав, ние бевме во можност да претставиме проста приказна во која добрите момци се борат со лошите, која подоцна ќе се одигра. Ние победивме бидејќи целна група ни беше еврејската заедница. Скоро веднаш имаше јасна промена во говорот на пресот со употреба на зборови со висок емоционален контекст, како на пример “етничко чистење”, “концентрациони логори” и т.н., кои ги разбудија заборавените претстави на наци-режимот и гасните комори во Аушвиц. Емоционалниот набој беше толку моќен што никој не се осмелуваше да тргне, проговори против него.”[10] Се разбира еврејските заедници беа поделени во врска со користењето на Холокаустот за САД да се вмеша на Балканот – како кршење на табуто, но приказната си го одигра своето. Јазикот кој беше употребуван тогаш остана непроменет и неупотребуван се додека не се покрена темата за инвазија на Ирак.”
Во почетоткот на војната во Екс- Југославија, доминантен начин во интерпретација на конфликтот беше спротивноста: комунистичкиот режим (Милошевиќ, Србија) – земјите кои се бореа за слобода, како паралелен процес на тоа што се случуваше во моментот во земјите во Источна Европа и Советскиот Сојуз. Од кога беа претставени “концетрационите логори”, Босанскиот холокауст стана главна тема, рамка која даваше апсолутно вредносни мерки за осуда и неоспорени граници за отворена дебата. Како што Харф предвидуваше, воведувајќи ја во прашање официјалната линија на интерпретација постана негационизам сличен од оној прашувајки се за постоењето на гасните комори во Аушвиц. Србите постанаа Балкански нацисти, Милошевиќ стана Балкански Хитлер; “Дневникот на Злата”, стана јадро, точка од која почнува секоја едукативна програма во врска со Холокаустот. Таква дефиниција на ситуацијата имплицира разбирање на сите фактори во врска со конфликтот со не многу флексибилност, и подоцнежните настани беа полесно интегрирани во приказната. Аплицирајки кон оваа рамка, се ставија во прашање моралните и цивилизациски придобивки, аспекти на конфликтот: а тоа е дека политиката не може повеќе да биде само игра од интерест, не може исто да биде аморална повеќе. И уште повеќе - воопшто не се работи за политика веќе: во Босна - Косово, САД интервенираше само со одредена цел, да спаси колку што може повеќе човечки животи - на овој начин тие го планираа истото во Ирак. Од кога непријателот не е “само” комунистот или комунизмот - ривал системи, целата тема на интернационална политика се редифинира и поинакви слики се претставени. Балканскиот нацизам на Милошевиќ беше апсолутен во термин на неговата страшна природа и резултатите кои ги произведе, но не беше толку општ како непријател број еден и како цел - сега и завршен, сега е историја. Сега претседателот Буш го дефинира својот непријател директно и просто - како “лош“. Овој концепт сега е тотално нов. Претседателот Реган, Советскиот Сојуз го нарекуваше - “Империја на злото”, но се додека ги подржуваше сите видови на десно крило смртоносни режими, неговата борба против комунизмот не може да биде сметана со еднаква леснотија на морално ниво, туку повеќе на политичко. Инволвираноста на Балканот и соодветната нарација конструирана по пат ја смени целата ситуација.
Уште една рамка прифатена од американската армија, која има корени во Балканот е хуманитарноста. Еден од нус ефетките од војната во бивша Југославија беше брзиот развој на стотина хуманитарни организации на Западот, почесто нарекувани хуманитарно движење. Повеќето од нив своите корени ги влечеа од движењето за против војна кампањите и за нуклеарното разоружување во седумдестеттите и осумдесеттите, но до крајот на деветесеттите беа доста конфузни и безработни. Тие ги прифатија принципите од Женевската коненција, практично наречени хуманитарно право, како на пример: неделивост, неутралност и независноист. Војната во Европа даде нов импулс за нивното натамошно делување. Многу од нив се здобија со голема почит за нивната работа, иако беа се почесто естаблирани да им помогнат на луѓето во Југославија, до крајот на војната тие прераснаа во големи и професионални агенции.
Кон крајот на деветсеттите години, воените стратези на НАТО сватија дека хуманитарната работа се продава “себе си доста добро” И решија истите да ги вклучат во нивните рамки на понатамошни милитантни операции. Со други зборови, милитаризацијата на хуманитарната помош започна. Косовската криза беше нивен прв тест, кога НАТО војници им даваа помош на бегалците во Албанија и Македонија и пробуваа да организираат понатамошна помош за истите. После бомбардирањето кога ОН и НАТО ја презедоа контролата на Косово, хуманитарците беа централизирани во улогата на УНХЦР, и повеќе регионализации беа на повидок: организации од посебни држави работеа на одредени реони на одговорност во согласност со нивниот национален контингент, и понатаму, многу од нив почесто учествуваа во различни спектакуларни акции - со цел на ја придобијат симпатијата на локалното население. (Оваа шема беше подоцна и применета во Ирак - неуспешно, и набрзо стана небезбедно место за секој припадник на западните хуманитарни организации ) Во почетоткот на новиот милениум НАТО Civil-Military Co-operation (CIVIC) доктрината беше прифатена, со цел да “етаблира и долови целосна кооперација со НАТО командирот и цивилните авторитети, организации, агенции и население во согласност со командната зона на операции со цел да му дозволи да ја исполни мисијата.”[11]
Идејата е вклучување на хуманитарна помош како дел од милитарната операција, како “дополнителна” активност, се со цел да ги придобијат “срцата и главите” на локалното население во областите од интерес, и критериуми на јавното мнение од земјата од која доаѓаат. Екстремен пример за овој вид на операција, вклучен во вистинска војна е оној од Авганистан, кога американско летало заедно со касетни бомби испушташе пакети со храна - за жал многу слични со претходно споменатите бомби. Нема дилема дека ова е хуманитарна помош, бидејќи ниедна армија која го бомбардира или освојува новото место, држава не може да биде неутрална или пак независна. Се разбира ваквиот вид на акции беа гласно осудувани од многу хуманитарни организации кои го предвидуваа ефектот кој ќе биде разбуден: а тоа е уништување на статусот на странски хуманитарен фактор како независен и аполитичен. Како што можевме да видиме во Скопје 2001 година по евакуирањето во Арачиново, маса на луѓе ги атакуваа канцелариите и возилата на странските хуманитарни мисии како последица на странската интервенција. Се гледа дека милитаризацијата на хуманитарната помош е смртоносна опасност за целокупното движење, но корисно орудије за имиџот на војската. Со пријателски медиуми, како што денес имаме во Ирак, тоа може да биде разработено или насочено во посакуваниот правец, презентирајќи ги војниците, како мировници кои донесуваат помош, а војната као “хуманитрна операција”.
Овој мотив, во согласност со сите други претходни искуства од претходните војни низ Балканот ги оформија главните рамки на дискусија во врска со “oдејќи кон Ирак” во 2002/2003 год. Тие имаа големо влијание во креирањето на имиџот за надоаѓачката војна и за нејзиниот главен фактор - САД. Како што војната започна и продолжи тие заедно генерално исчезнаа докажувајќи ја својата неадекватност, и покажувајќи дека тие беа само реторички, пропагандни конструкции. “Стабилизирачкиот” Среден Исток испадна дури по проблематичен отколку “стабилизаирајќи го Косово”, и Балканските стереотипи се докажаа неприменливи овој пат. Но имиџот креиран во добар дел врз основа на Балканските рамки излезе многу постабилен. Се додека некој не го користи терминот “концетрациони логори” однесувајќи се на Босна, неприсуството на оружје за масовна деструкција не е од резултат, туку заклучок повеќе.
[1] Дебата не е најпрецизна дефиниција тука: како што Го користам изразот Балкан бидејќи по распадот на Југославија, не е до крај јасен концептот на новите држави/ентитети. Терминот Југославија е сеуште користен во сличен правец, како што луѓето од Екс-југословенските земји го користат името Чехословачка.
[2] Дебата не е најпрецизна дефиниција тука: како што Полска е најдобар пријател на САД, сите мејнстрим медиуми (и скоро сиот политички естаблишмент) ја подржуваа војната во Ирак; луѓето кои се спротивставуваа на идејата - дури авторитети како Тадеуш Мазовиецки имаа големи потешкотии да допрат до дневниот печат или телевизија и беа практично отсутни од јавноста.
[3] Помеѓу 1 Декември 2002 и 31 Мај 2003 год. Во два дневни весници: Gazeta Wyborcza иRzeczpospolitaимаше ококлу 82 артикли кои го споменуваа конфликтот на Балканот во контекст со војната во Ирак (34 од нив само во Март 2003 год.), 41 од нив со чиста убедувачка намера. Нападот на Ирак започна на 18-ти Март..
[4] Нема стереотипи на Македонците во Полска - подруги како Југословени
[5] "MORAL COMBAT : NATO AT WAR", A BBC 2 special, 12.03.2000
[6] “Во една прилика, кога се дебатираше за Босна пред Советот за безбедност, Мадлин Олбрајт ја цитираше забелешката на Карл фон Клаушевиц дека “после се, војната е само продолжение на политиката на државата но со други средства.” “ Да, Мадлин, “Дејвид Хана, тогашен Англиски амбасадор во УН реплираше, “тоа е токму она што Клаушевиц го имал кажано. Тој беше Германец, и германците го слушаа. Но, видете што им се случи ним, два пати низ историјата.”
Генерал М.Роуз “Борејќи се за Мир; Лекции од Босна” "Gen. M. Rose Fighting for Peace, Lessons from Bosna , Warner Books 1998 p. 21.
[7] Gosc jedynki TVP1 13.10.03
[8] M.Inatieff Homage to Bosnia, New York Review of Books April 21 1994
[9] C. Gheorghiu, NATO Parliamentary Assembly Civilian Affairs Committee Media and Civil War: the Bosnia and Herzegovina Experience Special Report November 1998
[10] Интервјуто прв пат се појави во книгата на Францускиот телевизиски новинар Жак Мерлино; Jacques Merlino "Les verites Yougoslaves ne sont pas toutes bonnes a dire" - "Yugoslav truths are not all good for telling", “Југословенските вистини не се нипошто добри за раскажување”, подоцна беше реиздадено и тоа во: Monthly Jewish Review - Midstream, New York, April 1994; Intelligence Digest, Great Britain, February 4, 1994; Jewish Chronicle, Great Britain, December 10, 1993
[11] AJP-9 NATO CIVIL-MILITARY CO-OPERATION (CIMIC) DOCTRINE