
Никос Диму, Грција
Интервју со Никос Диму
Никос Диму е еден од најеминентните грчки писатели и коментатори. Тој е колумнист и автор на многубројните телевизиски и радио емисии. Напишал повеќе од 60 книги поезија, а пишува и сатира, филозофија и политичка теорија. Неговата, веројатно најпозната книга е: “Несреќа да се биде Грк”. Постојано ги критикува аномалиите на грчкото општество и политичките прилики. Сега работи како слободен писател. На неговта блог страница се наоѓаат овие зборови од текстот:
“Национализмот и се заканува на демократијата-во Грција од 1994”: “Уште од моето детство, Грчката историја наликува на (евтин) вестерн филм, каде Грците секогаш без било каков сомнеж беа, Добрите момци. Лошите момци секогаш се менуваа. Тоа беше “опасноста” од Север, потоа од Исток, потоа повторно од Север и назад кон Исток. Кога бев дете, зборот “Бугарин”, беше проклетство, повеке отколку “Турчин”. Беше забрането на Грците од Северна Грција да се опишуваат себеси како “Македонци”. “Албанец” тогаш имаше неутрален тон; денес станува закана..”
Цитирано од : www.ndimou.gr/
1. Гопсодине Диму,Македонија и Грција имаат спор кој долго време ги оптоварува билатералните односи меѓу двете земји. Што е суштината на грчко-македонскиот спор за името?
Никос Диму: Македонија е име на географски регион кој им припаѓа на три различни нации. Грешка беше што дел од Република Македонија го побара за сопствено име. Уште во 1992 година го предложив името Демократска Северна Македонија, или Горна Македонија.
2. Своевремено напишавте дека дека македонското прашање не е прашање од национален интерес за Грција. Од друга страна, прашањето е високо на агендата на грчката надворешна политика, и секогаш од грчките политичари и медиуми има третман на национално прашање ?
Никос Диму: Мислам дека важноста на прашањето се преувеличуваше од националистички причини.
3. Искрена ли е грчката политичка елита кога вели дека се залага за компромисно решение?
Никос Диму: Мислам да. После периодот на непопустливост тие предложија можен компромис.
4. Што сметате дека е фер компромис?
Никос Диму: Тоа што го предложив 1992 година.
5. Македонија вели дека промена на нејзиното уставно име би било предавство за земјата. Можат ли грчките политичари да ја разберат македонската позиција?
Никос Диму: Не. И лично мислам дека зборот предавство” е исто така преувеличување.
6. Грција ја блокираше македонската покана за членство во НАТО и се заканува дека истото ќе го стори и со европската интеграција, што во Македонија се гледа како непријателски чин. Како го коментирате ова?
Никос Диму: Мислам дека двете земји во различни временски периоди направија грешки со форсирање на прашањето.
7. Двете земји долго разговараат за да најдат решение, но имајќи ги предвид сегашните позиции многумина се песимисти околу резултатот на процесот што го водат ОН. Можно ли е да се предвиди кога ќе се најде конечно решение?
Никос Диму: Не сум пророк но се надевам дека на крај ќе преовладаат разумот и разбирањето.
Интервјуто, (по емаил) го водеше Атанас Кировски, новинар и политички аналитичар.

