СОВЕТ НА ЕВРОПА
Советот на
Европа (СЕ)
е
меѓувладина
организација,
основана на 5 Мај,
1949 год. со
седиште во
Стразбур,
Франција. Нејзината
главна цел и
улога е
јакнење на демократијата,
заштита на човековите
права и
фундаментални
слободи и
владеење на
правото во
сите земји -
членки.
Одбраната и
промовирањето
на овие
вредности не
е повеќе само
внатрешна
работа на владите
на одделни
држави, туку
и колективна одговорност
на сите земји
- членки.
Советот
на Европа, со своите
активности ги
покрива најзначајните
прашања со кои
се соочува европското
семејство на народите,
освен одбраната.
Неговите работни
програми ги вклучуваат
следниве области
на активности:
човекови права,
медиуми, правна
соработка, цивилно
општество, социјални
и економски прашања,
здравство, образование,
култура, културно
наследство, спорт,
локална и регионална
управа, човекова
околина и други.
Советот
на Европа е исто
така влијателна
политичка организација
чии органи донесуваат
меѓународни акти
со значајна политичка
тежина. Работата
на Советот на
Европа е доста
плодна, така што
се донесени и
усвоени голем
број конвенции
а меѓу нив и многу
од областа на
човековите права.
Меѓу позначајните
конвенции од областа
на човековите
права се:
За повеќе
информации околу
Советот на Европа,
посетете го нивниот
сајт