ОРГАНИЗАЦИЈА
НА ОБЕДИНЕТИТЕ
НАЦИИ
Организацијата
на Обединетите
нации се смета
дека започнува
да постои со прифаќањето
на “Повелбата на ООН” на
Конференцијата
во Сан Франциско
од 50 држави на 26 јуни
1945, а стапила на
сила на 24 октомври
1945 година. ООН е
меѓународна владина
организација
која има голем
политички углед
и влијание на
меѓународен план
со обзир на тоа
дека таа е организација
во која се претставени
сите држави од
светот. Нејзината
работа се состои
во донесување
на резолуции а
преку нејзините
органи (комисии
и Комитети) и Конвенции
од различни области
со што се воспоставуваат
светски важечки
стандарди. Меѓу
другите активности
на ООН е и сферата
на човековите
права.
За
работата на ООН
во областа на
човековите права
е значајна “Комисијата
за човекови права”
која ја анализира
областа човекови
права и подготвува
разни акти (Конвенции
и слично) од таа
област. Со таа
област се занимаваат
и други поткомисии
и комитети. Начинот
на донесување
на работа на органите
на ООН кои се “задолжени”
за областа човекови
права може добро
да се види во приложената
шема:

Комисија
за човекови права
“Комисијата
за човекови права
е централен архитект
на работата на
Обединетите Нации
на полето на човековите
права”
Комисијата
за човекови права
на Обединетите
Нации, составена
од 53 држави, се среќава
секоја година
на редовно заседание
во Март/Април
за 6 недели во Женева.
На тие средби
учествуваат над
3.000 делегати од државите
- членки, државите
набљудувачи и
од невладини организации.
Комисијата
исто така може
да се среќава
исклучително
помеѓу редовните
заседанија на
специјални седници,
ако се согласи
мнозинството
од државите членки,
имајќи ја на ум
потребата Комсијата
за Човекови Права
да делува ургентно
и жестоко за човековите
права на најекспедитивен
начин.
За време на
своите годишни
заседанија, Комисијата
усвојува околу
илјада резолуции,
одлуки и изјави
на Претседавачот
за проблеми кои
се релевантни
за индивидуите
од сите региони
и случаи. На неа
во работата и
помага Под-Комисија
за Промоција и
Заштита на Човековите
Права, голем број
на работни групи
и мрежа од индивидуални
експерти, претставници
и известувачи
со мандат да ја
известуваат за
специфични случаи.
Процедурите
и механизмите
на Комисијата
за Човекови Права
се мандат да ги
истражуваат, набљудуваат
и објавуваат извештаите
за ситуациите
за човековите
права во специфични
држави или територии
(познато како
државни механизми
или мандати) или
за главниот феномен
за кршење на човековите
права ширум светот
(познато како
тематски механизми
или мандати). Овие
процедури или
мандати колективно
се именуваат како
Специјални Процедури
на Комисијата
за Човекови Права.
Главни теми
кои се “адресирани”
кон Комисијата
се: правото на
самоопределување;
правото на развој;
прашањето за кршење
на човековите
права во окупираните
Арапски територии
(вклучувајќи ја
Палестина); прашањето
за кршење на човековите
права и слободи
во било кој дел
од светот; економски,
социјални и културни
права; граѓански
и политички права,
вклучувајќи ги
прашањата на тортура
и апсење (задржување),
исчезнување и
конечни егзекуции,
слобода на изразување,
независност на
судството, неказнетост
и религиска нетолеранција;
човековите права
на жената, децата,
мигранстките
работници и раселени
лица; примери
на домородно анселение;
промоција и заштита
на човековите
права, вклучувајќи
ја работата на
Под – Комисјата,
договорните тела
и националните
институции, и
советодавни услуги
и техничка соработка
на полето на човековите
права.
· Конвенција
против мачењето
и другите свирепи,
нехумани или понижувачки
казни или постапки
За повеќе информации
околу ООН, посетете
го нивниот сајт
Office of the United Nations
Palais Wilson,
United Nations Office at Geneva
1211 Geneva 10, Switzerland
Tel: (41 22) 917 90 00 fax: (41 22) 917 90 11
e-mail: webadmin.hchr@unog.ch
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------