Конвенција
против мачењето
и другите свирепи,
нехумани или понижувачки
казни или постапки
Државите потписнички
на оваа Конвенција,
Сметајќи дека,
во согласност
со принципите
прокламирани
во Повелбата на
Обединетите нации,
признавањето
на еднакви и неотуѓиви
права на сите
членови на човековата
заедница претставува
основа на слободата,
правдата и мирот
во светот,
Признавајќи
дека тие права
произлегуваат
од достоинството
кое е неделиво
од човековата
личност,
Сметајќи дека
државите, во согласност
со Повелбата,
а посебно со нејзиниот
член 55, треба да
го поттикнуваат
општото и вистинското
почитување на
правата на човекот
и основните слободи,
Водејќи сметка
за членот 5 на Универзалната
декларација за
правата на човекот
и за членот 7 на
Меѓународниот
пакт за граѓански
и политички права
кои пропишуваат
дека никој не
смее да биде подложен
на мачење или
свирепи, нехумани
или понижувачки
казни или постапки,
Водејќи, исто
така, сметка за
Декларацијата
за заштита на
сите лица од мачење
и други свирепи,
нехумани или понижувачки
казни или постапки
која Генералното
собрание ја усвои
на 9 декември 1975,
Со желба да
ја зголемат ефикасноста
на борбата против
мачењето и другите
свирепи, нехумани
или понижувачки
казни или постапки
во светот,
Се договорија
за следното:
Член 1
1. За целите
на оваа Конвенција,
изразот "мачење"
го означува секој
акт со кој на некое
лице му се нанесува
големо страдање,
физичко или душевно,
со цел од него
или од некое трето
лице да се добие
известување или
признание, да
се казни за некое
дело кое тоа или
некое трето лице
го сторило или
има сомнение дека
го сторило, да
се заплаши или
врз него да се
изврши притисок,
или некое трето
лице да се заплаши
или врз него да
се изврши притисок,
или од кој било
друг мотив заснован
врз каква било
форма на дискриминација,
кога таквата болка
или страдање ги
нанесува некој
агент на јавната
служба или некое
друго лице кое
дејствува по службена
должност или врз
основа на изречен
налог или согласност
на службено лице.
Тој израз не се
однесува на болката
и страдањето кои
произлегуваат
исклучително
од законските
казни, неделви
се од нив или со
нив се предизивкани.
2. Овој член
не ограничува
ниеден меѓународен
инструмент или
национален закон
кој содржи или
може да содржи
одредби од поширок
досег.
Член 2
1. Сите држави
потписнички ќе
преземаат законски,
административни,
правни и други
ефикасни мерки
заради спречување
на мачење на целата
територија која
ја покрива нивната
јурисдикција.
2. Се исклучува
можноста на повикување
на некоја исклучителна
околност, без
оглед на тоа дали
се работи за воена
состојба, закана
со војна, внатрешна
политичка нестабилност
или која било
друга вонредна
состојба за да
се оправда мачењето.
3. Наредбата
на претпоставениот
или на јавните
власти не може
да се наведува
како оправдување
за мачењето.
Член 3
1. Ниедна држава
потписничка нема
да прогони, истера
или предаде некое
лице на друга
држава ако има
сериозни причини
да верува дека
во таа држава
тоа лице ќе биде
изложено на мачење.
2. За да утврдат
дали постојат
тие причини, надлежните
власти ќе ги земат
предвид сите релевантни
околности, вклучувајќи
ги и евентуалното
присутните факти
дека во соодветната
држава постои
сериозно, флагрантно
или масовно кршење
на човековите
права.
Член 4
1. Секоја држава
потписничка се
обврзува дека
актите на мачење
ќе бидат сметани
за престапи според
нејзиното кривично
право. Истото
важи и за обидите
за спроведување
на мачење и за
сите постапки
на кое било лице
кои претставуваат
соучество или
учество во некој
акт на мачење.
2. Секоја држава
потписничка за
тие престапи ќе
предвиди соодветни
казни во согласност
со тежината на
престапот.
Член 5
1. Секоја држава
потписничка ќе
преземе потребни
мерки за да ја
воспостави својата
надлежност над
престапите спомнати
во член 4, во следните
случаи:
а) кога
престапот е сторен
на кој било дел
на територијата
која спаѓа под
јурисдикција
на таа држава,
или во авион или
во брод регистриран
во таа држава;
б) кога
оној за кого се
претпоставува
дека е сторител
на тоа дело е
државјанин
на таа држава;
в) кога
жртвата е државјанин
на таа држава
и кога таа држава
тоа го смета за
целисходно.
2. Секоја држава
потписничка презема,
исто така, мерки
потребни за воспоставување
на својата надлежност
заради препознавање
на тие престапи
во случај кога
оној за кого се
претпоставува
дека е сторител
на тие престапи
се наоѓа на кој
било дел на територијата
која потпаѓа под
нејзина јурисдикција
и кога таа држава
не го предава,
во согласност
со член 8, на некоја
од државите назначени
во ставот 1 на овој
член.
3. Оваа Конвенција
не исклучува никаква
казнена надлежност
која е во согласност
со националните
закони.
Член 6
1. Ако врз основа
на испитување
на податоците
со кои се располага
се утврди дека
околностите тоа
го оправдуваат,
која било држава
потписничка на
чија територија
се наоѓа лицето
кое сторило престап
спрема членот
4, обезбедува притворање
на тоа лице или
презема други
потребни мерки
да го осигури
неговото присуство.
Тоа притворање
и тие мерки мораат
да бидат во согласност
со законодавството
на таа држава;
можат да се применуваат
само во текот
на период потребен
да се поведе постапка
на кривично гонење
или предавање.
2. Соодветната
држава веднаш
ќе отвори претходна
истрага заради
утврдување на
фактите.
3. Кое било лице
притворено врз
основа на ставот
1 на овој член може
веднаш да стапи
во врска со надлежните
претставници
на државата чиј
државјанин е или,
ако е лице без
државјанство,
со претставникот
на државата во
која обично престојува.
4. Кога државата,
согласно со овој
член, притвори
некое лице, таа
веднаш ќе ги извести
државите назначени
во ставот 1 на членот
5 за тоа притворање
и за околностите
кои го оправдуваат.
Државата која
поведува претходна
истрага врз основа
на ставот 2 на овој
член, во најкраток
рок им ги соопштува
заклучоците од
таа истрага на
заинтересираните
држави и ги известува
за тоа дали има
намера да ја примени
својата надлежност.
Член 7
1. Ако држава
потписничка на
чија територија
е откриено лице
за кое се претпоставува
дека сторило престап
според членот
4, не го предаде
тоа лице, тогаш
таа, во случаите
предвидени во
членот 5, тој случај
го предава на
своите органи
надлежни за кривично
гонење.
2. Тие органи
ќе ја донесат
својата одлука
во истите услови
кои важат за сите
тешки прекршоци
од општо право,
по законот на
таа држава. Во
случаите предвидени
со ставот 2 на членот
5, правилата за
доказите кои се
применуваат
при прогонот и
осудата не можат
никако да бидат
помалку строги
од правилата кои
се применуваат
во случаите предвидени
со ставот 1 на членот
5.
3. За секое лице
против кое е отворена
постапка на прогон
за некои од престапите
содржани во членот
4, ќе се гарантира
праведен третман
во сите фази на
постапката.
Член 8
1. Сите прекршоци
предвидени со
членот 4 автоматски
се подразбираат
во сите договори
за екстрадиција
склучени меѓу
државите потписнички.
Државите потписнички
се обврзуваат
да ги опфатат
тие прекршоци
во сите договори
за екстрадиција
кои ги склучиле
меѓусебно.
2. Ако некоја
држава потписничка
која ја условува
екстрадицијата
со постоење
договор за тоа,
добие од некоја
друга држава потписничка
со која нема договор
за екстрадиција
барање за предавање,
таа може да ја
смета оваа Конвенција
за правна основа
за екстрадиција
во случај на споменатите
престапи. Екстрадицијата
се врши во услови
кои ги предвидува
правото на државата
од која се бара
екстрадицијата.
3. Државите
потписнички кои
не ја условуваат
екстрадицијата
со постоење договор,
ги признаваат
споменатите престапи
како основа за
меѓусебно предавање
на лица во услови
предвидени со
правото на државата
од која се
бара предавањето.
4. Во односите
меѓу државите
потписнички во
случај на предавање,
се смета дека
наведените престапи
се извршени и
на местото на
нивното вистинско
извршување, и
на територијата
која се наоѓа
под јурисдикција
на државите кои
треба да ја востановат
својата надлежност
во согласност
со ставот 1 на членот
5.
Член 9
1. Државите
потписнички ќе
си пружаат една
на друга најширока
правна помош во
врска со кривичната
постапка која
се однесува на
престапите од
член 4, вклучувајќи
го и известувањето
за сите елементи
на доказите со
кои располагаат
и кои се неопходни
за остварување
на целите на кривичната
постапка.
2. Државите
потписнички ќе
ги исполнат своите
обврски од ставот
1 на овој член во
согласност со
сите договори
за меѓусебната
правна помош кои
евентуално ги
склучиле.
Член 10
1. Сите држави
потписнички водат
сметка за тоа
инструкциите
и информациите
во врска со забраната
на мачењето да
бидат составен
дел од обуката
на цивилниот или
воениот персонал
задолжен за примена
на законот, медицинскиот
персонал, агентите
на јавната служба
и други лица кои
на кој било начин
можат да се појават
во текот на чувањето,
испитувањето
или третманот
на кое било уапсено
лице, лице во притвор
или лице во затвор.
2. Сите држави
членки ја внесуваат
споменатата забрана
во правилата или
инструкциите
во врска со правата
или овластувања
на тие лица.
Член 11
Сите држави
потписнички систематски
ќе ги контролираат
правилата, упатствата,
методите и практиката
во истрагата и
одредбите во врска
со надзорот и
третманот на лицата
кои од кои било
причини се уапсени,
притворени или
се во затвор на
целата територија
која потпаѓа под
нивна јурисдикција,
за да се избегне
да дојде до случаи
на мачење.
Член 12
Сите држави
потписнички ќе
водат сметка надлежните
власти во најкраток
рок да пристапат
кон непристрасна
истрага секогаш
кога постојат
разумни мотиви
да се верува дека
на територијата
под нивна јурисдикција
е сторено некое
дело на мачење.
Член 13
Сите држави
потписнички ќе
им осигураат на
сите лица кои
тврдат дека биле
подложени на мачење
на територијата
која спаѓа под
нивна јурисдикција,
право да поднесат
жалба до надлежните
власти на соодветната
држава која веднаш
ќе пристапи кон
испитување на
нивниот случај.
Ќе бидат преземени
мерки лицата кои
поднеле жалба
и сведоците да
се заштитат од
сите лоши третмани
или застрашувања
поради поднесените
жалби или каква
било изјава која
би можела да биде
дадена.
1. Сите држави
потписнички во
својот правен
систем ќе и гарантираат
на жртвата на
мачење право да
добие оштета и
да биде праведно
и соодветно обештетена,
вклучувајќи ги
тука и средствата
потребни за нејзино
што побрзо закрепнување.
Во случај жртвата
да умре од последиците
на мачењето, нејзините
наследници имаат
право на оштета.
2. Овој член
не исклучува ниедно
право на оштета
кое жртвата или
кое било друго
лице би го имале
по националните
закони.
Член 15
Сите држави
потписнички внимаваат
ниедна изјава
за која ќе се утврди
дека е добиена
со мачење да не
биде искористена
како елемент на
доказот во некој
процес, освен
против лицата
обвинети за мачење
како доказ за
тоа како е дадена
изјавата.
Член 16
1. Сите држави
потписнички ќе
се обврзат на
целата територија
која потпаѓа под
нивна јурисдикција
да ги забранат
сите дела кои
претставуваат
свирепи, нехумани
или понижувачки
казни или постапки
кои не се акти
на мачење во онаа
смисла во која
е тоа дефинирано
во првиот член,
во случај кога
тие дела се сторени
од некој официјален
службеник или
некое друго лице
кое дејствува
по службена должност,
или тие дела се
сторени со изречен
или премолчен
наговор или согласност
на тие лица.
2. Овие одредби
не влијаат врз
одредбите на кој
било друг меѓународен
инструмент или
национален закон
кој забранува
свирепи, нехумани
или
понижуачки
казни или постапки
или се однесува
на екстрадиција
и прогон.
Член 17
1. Ќе се формира
Комитет против
мачење (во понатамошниот
текст: Комитет)
чии функции се
утврдени во текстот
кој следи. Комитетот
ќе се состои од
десет високо морални
експерти кои се
признати стручњаци
за областа на
човековите права
и кои се негови
членови во лично
својство. Стручњаците
ќе ги изберат
државите потписнички,
водејќи сметка
за праведната
географска застапеност
и за интересите
на Комитетот во
неговата работа
да учествуваат
некои личности
со правно искуство.
2. Членовите
на Комитетот ќе
се изберат со
тајно гласање
од листата на
која се наоѓаат
кандидати кои
ги предложиле
државите потписнички.
Секоја држава
потписничка може
да предложи еден
кандидат кого
го избрала меѓу
своите државјани.
Државите потписнички
ќе водат сметка
за тоа дека е препорачливо
да се именуваат
кандидати кои
се членови на
Комитетот за човекови
права востановен
врз основа на
Меѓународниот
пакт за граѓански
и политички права
и кои се расположени
да бидат членови
на Комитетот против
мачењето.
3. Членовите
на Комитетот ќе
се изберат на
состаноците на
државите потписнички
кои се одржуваат
секоја втора година
и кои ги свикува
Генералниот секретар
на Обединетите
нации. На тие состаноци,
чиј кворум го
чинат две третини
од државите потписнички,
ќе се избере Комитет
во чиј состав
влегуваат кандидати
кои ќе добијат
најголем број
гласови и апсолутно
мнозинство гласови
на претставниците
на државите потписнички
кои се присутни
и кои гласале.
4. Првиот избор
ќе биде извршен
најдоцна шест
месеци по стапувањето
во сила на оваа
Конвенција. Најмалку
четири месеци
пред секој избор
за Комитетот,
Генералниот секретар
на Обединетите
нации ќе упати
писмо до државите
потписнички со
повик да именуваат
свои кандидати
во рок од три месеци.
Генералниот секретар
ќе изготви листа
на вака предложените
кандидати по азбучен
ред, назначувајќи
ги државите кои
ги именувале,
и вака подготвената
листа ќе ја упати
до државите потписнички.
5. Членовите
на Комитетот ќе
се изберат на
четири години.
Можат да бидат
избрани повторно,
ако се повторно
кандидирани. Меѓутоа,
за пет од десет
членови избрани
при првиот избор
мандатот ќе истече
по две години,
веднаш по првиот
избор имињата
на тие пет членови
ќе ги извлече
со ждрепка претседателот
на седницата спомената
во ставот 3 на овој
член.
6. Ако некој
член на Комитетот
почине, поднесе
оставка на својата
функција или од
кои било други
причини не е веќе
во можност да
ги врши своите
функции во Комитетот,
државата потписничка
која го кандидирала
именува меѓу своите
државјани друг
стручњак кој ќе
биде член на Комитетот
до истекот на
мандатот на членот
кој го заменува,
со тоа што тоа
именување мора
да го одобри мнозинството
држави потписнички.
Се смета дека
одобрувањето
е дадено ако половината
или повеќе од
половината држави
потписнички не
изложат спротивно
мислење во рок
од шест недели
од моментот кога
Генералниот секретар
на Обединетите
нации ги известил
за предложеното
именување.
7. Државите
потписнички ги
сносат трошоците
на членовите на
Комитетот за периодот
во кој тие ги вршат
функциите во Комитетот.
Член 18
1. Комитетот
ќе избере свое
биро чиј мандат
е две години. Членовите
на бирото можат
да бидат повторно
избрани.
2. Комитетот
сам ќе изготви
свој интерен деловник,
меѓутоа тој ќе
мора да ги содржи
следните одредби:
а) за
кворум е потребно
присуство на шест
члена;
б) одлуките
на Комитетот ќе
се донесуваат
со мнозинство
гласови на присутните
членови.
3. Генералниот
секретар на Обединетите
нации ќе му стави
на располагање
на Комитетот персонал
и уреди потребни
за ефикасно вршење
на функциите кои
му се доверени
со оваа Конвенција.
4. Генералниот
секретар на Обединетите
нации ќе ја свика
првата седница
на членовите на
Комитетот. По
првата седница
Комитетот ќе се
состанува во сите
прилики кои ги
предвидува неговиот
интерен деловник.
5. Државите
потписнички ќе
ги сносат трошоците
направени во врска
со одржувањето
на состаноците
на државите потписнички
и состаноците
на Комитетот,
вклучувајќи го
и надоместокот
на Обединетите
нации за сите
трошоци, како
што се трошоците
за персоналот
и цената на уредите
кои Обединетите
нации ги ставиле
на располагање
во согласност
со ставот 2 на овој
член.
Член 19
1. Државите
потписнички поднесуваат
до Комитетот,
преку Генералниот
секретар на Обединетите
нации, извештаи
за мерките кои
ги презеле за
да ги остварат
обврските кои
ги прифатиле со
оваа Конвенција,
и тоа во рок од
една година од
денот кога оваа
Конвенција стапила
во сила за секоја
од нив. Потоа, државите
потписнички секоја
четврта година
поднесуваат дополнителни
извештаи за сите
нови преземени
мерки, како и извештаи
кои од нив ќе ги
побара Комитетот.
2. Генералниот
секретар на Обединетите
нации ќе ги достави
тие извештаи до
сите држави потписнички.
3. Секој извештај
ќе биде проучен
од Комитетот кој
може во врска
со него да даде
општи коментари,
кои ги смета за
погодни и кои
и ги соопштува
на заинтересираната
држава потписничка.
Таа држава може
до Комитетот да
ги упати сите
забелешки кои
смета дека се
корисни.
4. Комитетот
може, по сопствено
наоѓање, да одлучи
за тоа дали во
годишниот извештај,
кој го пишува
во согласност
со членот 24, ќе ги
внесе сите коментари
кои ги дал согласно
со ставот 3 на овој
член, заедно со
забелешките кои
во врска со нив
ги добил од заинтересираните
држави потписнички.
Ако заинтересираната
држава потписничка
тоа го бара, Комитетот
може да го наведе
и нејзиниот извештај
поднесен во согласност
со став 1 на овој
член.
Член 20
1. Ако Комитетот
добие сигурни
информации кои,
според негово
мислење, содржат
основни индикации
дека на територијата
на некоја држава
потписничка систематски
се спроведува
мачење, тој ќе
ја повика таа
држава да соработува
со него на преиспитување
на тие информации
и за таа цел да
му упати свои
забелешки во врска
со тој предмет.
2. Водејќи сметка
за сите забелешки
на заинтересираната
држава потписничка
и за сите други
релевантни информации
со кои располага,
Комитетот може,
ако смета дека
тоа е оправдано,
да задолжи еден
или повеќе од
своите членови
да пристапат кон
доверлива истрага
и итно да му поднесат
извешатај за тоа.
3. Ако се спроведе
истрага во согласност
со ставот 2 на овој
член, Комитетот
ќе побара соработка
со заинтересираната
држава потписничка.
Во договор со
таа држава потписничка,
истрагата може
да ја опфати и
посетата на нејзината
територија.
4. Откако ги
преиспитал заклучоците
на членот или
членовите кои
му поднеле извештај
во согласност
со ставот 2 на овој
член, Комитетот
и ги упатува тие
заклучоци на заинтересираната
држава потписничка
со своите коментари
и сугестии кои
ги смета за погодни
со оглед на ситуацијата.
5. Целата работа
на Комитетот која
се одвива во врска
со предметот споменат
во ставот 1 - 4 на овој
член е доверелива
и во сите етапи
на таа работа
се настојува да
се постигне соработка
со заинтересираната
држава потписничка.
Кога работата
во врска со истрагата
водена врз основа
на ставот 2 на овој
член завршила,
Комитетот може,
по консултација
со заинтересираната
држава потписничка,
во годишниот извештај
кој го составува
согласно членот
24, да внесе краток
извештај за резултатите
на таа работа.
Член 21
1. Држава потписничка
на ова Конвенција
може, во согласност
со овој член, да
изјави во секој
момент дека ја
признава надлежноста
на Комитетот да
прима и разгледува
соопштенија во
кои некоја држава
потписничка тврди
дека некоја друга
држава потписничка
не ги извршува
своите обврски
кои произлегуваат
од оваа Конвенција.
Овие соопштенија
можат да бидат
примени и разгледани
во согласност
со постапката
изложена подолу
во овој член, само
ако доаѓаат од
држава потписничка
која изјавила
дека ја признава
надлежноста на
Комитетот. Комитетот
нема да прифати
никакво соопштение
кое доаѓа од држава
потписничка која
не дала таква
изјава. Во поглед
на соопштенијата
прифатени со овој
член, се применува
следната постапка:
а) ако
некоја држава
потписничка на
оваа Конвенција
смета дека некоја
друга држава потписничка
не ги применува
нејзините одредби,
може со писмено
соопштение да
и сврти внимание
на таа држава
на тоа прашање.
Во рок од три месеци
од приемот на
соопштението,
државата на која
и било упатено
соопштението
ќе и пружи на државата
која упатила објаснувања
или други писмени
изјави кои го
расветлуваат
прашањето и кои
мораат да содржат,
колку што е можно
и корисно тоа,
индикации за нејзините
правила на постапката
и внатрешни правни
лекови преземени,
искористени или
достапни во случајот;
б) ако
во рок од шест
месеци од денот
кога заинтересираната
држава го примила
оригиналното
соопштение, прашањето
не биде решено
на задоволство
на двете страни,
заинтересираните
држави, едната
и другата, имаат
право да го поднесат
прашањето на решавање
на Комитетот,
по пат на службено
известување на
Комитетот и другата
држава;
в) Комитетот
ќе биде надлежен
за прашање кое
му е поднесено
согласно со овој
член само откако
ќе се увери дека
се искористени
и исцрпени сите
внатрешни правни
лекови со кои
се располага во
согласност со
општо признатите
принципи на меѓународното
право. Тоа правило
нема да се применува
во случаи кога
постапката по
правните лекови
без причина би
се одолжувала
или во случаи
кога е малку веројатно
дека постапката
по правните лекови
би дала задоволување
на лицето кое
е жртва на кршењето
на оваа Конвенција;
г) седниците
на кои Комитетот
ги разгледува
соопштенијата
согласно со овој
член ќе бидат
затворени;
д) освен
во случаите предвидени
во точката (в) Комитетот
ќе им ги стави
своите услуги
на располагање
на заинтересираните
држави потписнички,
за да се постигне
спогодбено решение
на прашањето засновано
врз почитување
на обврските предвидени
со оваа Конвенција.
За таа цел, Комитетот
може, ако тоа го
смета за пожелно,
да формира ад
хок Комисија за
мирење.
ѓ) за
сите прашања кои
му се поднесени
согласно со овој
член, Комитетот
може од заинтересираните
држави потписнички
дефинирани во
точка (б) да бара
да му се дадат
сите релевантни
известувања;
е) заинтересираните
држави членки
дефинирани во
точка (б) имаат
право да бидат
претставени при
испитувањето
на случајот од
страна на Комитетот,
и да упатуваат
свои забелешки
усно или писмено
или во која било
друга форма;
ж) Комитетот
ќе поднесе извештај
во рок од дваесет
месеци од денот
кога го добил
службеното известување
предвидено со
точка (б) на овој
член;
з) ако
се најде решение
во согласност
со одредбите на
точката (д) Комитетот
во својот извештај
ќе се ограничи
на кратко изложување
на фактите и изнајденото
решение;
ѕ) ако
не е најдено решение
во согласност
со одредбите од
точката (д) Комитетот
во својот извештај
ќе се ограничи
кратко да ги изложи
фактите; текстот
на писмените забелешки
и записникот кој
содржи усни забелешки
упатени од страна
на заинтересираните
држави потписнички
ќе се приложат
со извештајот.
За секое прашање
извештајот ќе
се упати до заинтересираните
држави потписнички.
2. Одредбите
од овој член ќе
стапат во сила
откако пет држави
потписнички на
оваа Конвенција
дадат изјава согласно
ставот 1 на овој
член. Изјавите
на државите потписнички
ќе бидат депонирани
кај Генералниот
секретар на Обединетите
нации кој ќе ги
достави нивните
копии до останатите
држави потписнички.
Тие изјави можат
да се повлечат
во секој момент
со нотификација
упатена до Генералниот
секретар на Обединетите
нации. Повлекувањето
на изјавата не
влијае врз преиспитувањето
на прашањата содржани
во соопштението
кое е веќе поднесено
согласно со овој
член; никакво
друго соопштение
на некоја држава
потписничка во
согласност со
овој член нема
да биде прифатено
по приемот, од
страна на Генералниот
секретар, на нотификацијата
за повлекување
на изјавата, освен
ако заинтересираната
држава потписничка
повторно не поднесе
изјава.
Член 22
1. Држава потписничка
на оваа Конвенција
може во секој
момент да изјави
дека ја признава
надлежноста на
Комитетот да прима
и разгледува соопштенија
поднесени од поединци
или во име на поединци
кои спаѓаат под
нејзина јурисдикција
и кои тврдат дека
се жртви на кршење
на одредбите на
оваа Конвенција.
Комитетот нема
да прима никакви
соопштенија кои
се однесуваат
на држави потписнички
кои не ја дале
споменатата изјава.
2. Комитетот
ќе ги прогласи
за неприфатливи
сите соопштенија
поднесени согласно
со овој член ако
се анонимни или
ако смета дека
претставуваат
злоупотреба на
правото на поднесување
такви соопштенија,
или ако не се во
согласност со
одредбите на оваа
Конвенција.
3. Со исклучок
на одредбите на
ставот 2 на овој
член, Комитетот
ќе ги поднесе
сите соопштенија
кои му се предадени
согласно со овој
член на државата
потписничка на
оваа Конвенција
која дала изјава
во согласност
со ставот 1 и која
наводно прекршила
некоја од одредбите
на оваа Конвенција.
Во рок од шест
месеци заинтересираната
држава му поднесува
на Комитетот,
во пишана форма,
објаснувања и
изјави кои го
расветлуваат
спорното прашање,
и ги наведува
мерките кои евентуално
ги презела за
да ја поправи
состојбата.
4. Комитетот
ќе ги разгледа
соопштенијата
примени согласно
со овој член, водејќи
сметка за сите
информации кои
му се дадени од
страна на поединецот
или во негово
име, или од заинтересираната
држава потписничка.
5. Комитетот
нема да пристапи
кон разгледување
на ниедно соопштение
поднесено од страна
на поединец во
согласност со
овој член додека
претходно не се
увери во следното:
а) дека
истото прашање
не се испитува
во истиот момент
од страна на некоја
друга меѓународна
инстанца за испитување
или решавање на
такви прашања;
б) дека
поединецот ги
исцрпил сите внатрешни
правни лекови
кои му се
достапни, тоа
правило не се
применува ако
постапката по
правните лекови
без причина се
одолжува или ако
е малку веројатно
дека ќе му пружи
задоволување
на поединецот
кој е жртва на
кршењето на оваа
Конвенција.
6. Седниците
на кои Комитетот
ги испитува соопштенијата
предвидени со
овој член се држат
зад затворени
врати.
7. Комитетот
ќе им ги соопшти
своите констатации
на заинтересираната
држава потписничка
и поединецот.
8. Одредбите
од овој член ќе
стапат во сила
откако пет држави
потписнички на
оваа Конвенција
дадат изјава согласно
ставот 1 на овој
член. Изјавите
на државите потписнички
ќе бидат депонирани
кај Генералниот
секретар на Обединетите
нации кој ќе ги
достави нивните
копии до останатите
држави потписнички.
Тие изјави можат
да се повлечат
во секој момент
со нотификација
упатена до Генералниот
секретар на Обединетите
нации. Повлекувањето
на изјавата не
влијае врз преиспитувањето
на прашањата содржани
во соопштението
кое е веќе поднесено
согласно со овој
член, никакво
друго соопштение
на некоја држава
потписничка во
согласност со
овој член нема
да биде прифатено
по приемот, од
страна на Генералниот
секретар, на нотификацијата
за повлекување
на изјавата, освен
ако заинтересираната
држава потписничка
повторно не поднесе
изјава.
Член 23
Членовите
на Комитетот и
членовите на ад
хок Комисијата
за мирење кои можат да
бидат именувани
во согласност
со точка (д) став
1 на членот 21 имаат право
на олеснувања,
привилегии имунитети
признати на експерти
во мисија на Обединетите
нации, онака како
што се содржани
во релевантните
оддели на Конвенцијата
за привилегиите
и имунитетите
на Обединетите
нации.
Член 24
Комитетот
ќе им поднесе
извештај на државите
потписнички и
Генералното собрание
на Обединетите
нации за своите
активности во
врска со примената
на оваа Конвенција.
Член 25
1. Оваа Конвенција
е отворена за
потпишување од
сите држави.
2. Оваа Конвенција
подлежи на ратификација.
Инструментите
на ратификација
ќе бидат депонирани
кај Генералниот
секретар на Обединетите
нации.
Член 26
Оваа Конвенција
е отворена за
пристапување
на сите држави.
Пристапувањето
се врши со депонирање
на инструментот
за пристапување
кај Генералниот
секретар на Обединетите
нации.
Член 27
1. Оваа Конвенција
ќе стапи во сила
триесеттиот ден
од денот на депонирање
на дваесеттиот
инструмент за
ратификација
или пристапување
кај Генералниот
секретар на Обединетите
нации.
2. За сите држави
кои ја ратификувале
оваа Конвенција
или и пристапиле
по депонирањето
на дваесеттиот
инструмент за
ратификација
или пристапување,
Конвенцијата
ќе стапи во сила
триесеттиот ден
од денот на поднесување
на инструментот
за ратификација
или пристапување
од страна на таа
држава.
Член 28
1. Секоја држава
може во моментот
на потпишување
или ратификација
на оваа Конвенција
или кога и пристапува
да изјави дека
не ја признава
надлежноста на
Комитетот дадена
со членот 20.
2. Држава потписничка
која го изразила
своето воздржување
во согласност
со одредбите во
ставот 1 на овој
член може во секој
момент да го промени
ставот и за тоа
да упати нотификација
до Генералниот
секретар на Обединетите
нации.
Член 29
1. Секоја држава
потписничка на
оваа Конвенција
може да предлага амандамани
и тој предлог
го поднесува до
Генералниот секретар
на Обединетите
нации. Генералниот
секретар ќе го
соопшти предлогот
на амандманот
на државата потписничка
и ќе побара од
неа да го извести
дали се согласува
да се свика конференција
на државите потписнички
заради преиспитување
и гласање за предлогот.
Ако во рок од четири
месеци по таквото
соопштение најмалку
една третина од
државите потписнички
се изјасни во
прилог на свикување
на таква конференција,
Генералниот секретар
ќе организира
конференција
под покровителство
на Обединетите
нации. Сите амандмани
усвоени со мнозинство
гласови на државите
потписнички присутни
на конференцијата
и кои гласале,
ќе бидат поднесени
од страна на Генералниот
секретар на усвојување
на сите држави
потписнички.
2. Амандманот
усвоен во согласност
со одредбите на
став 1 на овој член
ќе стапи во сила
тогаш кога две
третини од државите
потписнички ќе
го известат
Генералниот секретар
на Обединетите
нации дека го
прифатиле согласно
со постапката
предвидена со
нивниот устав.
3. Кога амандманите
ќе стапат во сила,
тие ќе бидат задолжителни
за сите држави
потписнички кои
ги прифатиле,
а останатите држави
потписнички ќе
имаат обврска
во однос на одредбите
на оваа Конвенција
и на претходните
амандмани кои
ги прифатиле.
Член 30
1. Сите спорови
меѓу две или повеќе
држави потписнички
во поглед на толкувањето
или примената
на оваа Конвенција
кои не можат да
се решат по пат
на преговори се
поднесуваат на
арбитража на барање
на една од тие
држави. Ако во
рок од шест месеци
од денот на поднесувањето
барање за арбитража
тие држави не
успеат да се сложат
околу организирање
на арбитражата,
која било од нив
може спорот да
го изнесе пред
Меѓународниот
суд на правдата,
поднесувајќи
барање во согласност
со статутот на
тој суд.
2. Секоја држава
може, во моментот
кога ја потпишува
оваа Конвенција,
кога ја ратификува
или кога и пристапува,
да изјави дека
не се чувствува
обврзана да ги
почитува одредбите
од ставот 1 на овој
член. Ни другите
држави потписнички
немаат обврски
дефинирани со
тој став спрема
државата потписничка
која изјавила
дека се воздржува
од неговото почитување.
3. Држава која
изјавила дека
се воздржува во
согласност со
ставот 2 на овој
член, може во секој
момент да ја повлече
таа изјава по
пат на нотификација
упатена до Генералниот
секретар на Обединетите
нации.
Член 31
1. Држава потписничка
може да се откаже
од оваа Конвенција
по пат на писмена
нотификација
упатена до Генералниот
секретар на Обединетите
нации. Откажувањето
стапува во сила
една година од
денот на приемот
на нотификацијата
од страна на Генералниот
секретар.
2. Таквото откажување
не ја ослободува
државата потписничка
од обврската која
ја има во согласност
со оваа Конвенција
што се однесува
на сите сторувања
или несторувања
пред датумот кога
откажувањето
стапило во сила;
тоа нема да биде
пречка за продолжување
на разгледувањето
на сите прашања
кои веќе биле
поднесени до Комитетот.
3. По датумот
на стапување во
сила на откажувањето
на државата потписничка,
Комитетот не прифаќа
разгледување
на никакво ново
прашање во врска
со таа држава.
Член 32
Генералниот
секретар на Обединетите
нации ќе ги извести
сите држави потписнички
и сите држави
кои ја потпишале
оваа Конвенција
или и пристапиле,
за следното:
а) за
потписите, ратификациите
и пристапувањата
согласно членовите
25 и 26;
б) за
датумот на стапување
во сила на Конвенцијата
во согласност
со членот 27 и за
датумот на стапување
во сила на сите
амандмани во согласност
со член 29.
в) за
откажувањата
од член 31.
Член 33
1. Оваа Конвенција
чии текстови на
англиски, арапски,
кинески, шпански,
француски и руски
се подеднакво
веродостојни,
ќе бидат депонирани
кај Генералниот
секретар на Обединетите
нации.
2. Генералниот
секретар на Обединетите
нации ќе упати
до сите држави
заверени копии
од оваа Конвенција.