Мирјана МАЛЕСКА
Институт за социолошки и политички истражувања, Скопје


Националистичка еуфорија
која може скапо да чини


Сакам да казам збор-два во врска со Платформата на албанските лидери во Македонија, за здружена акција, што во четвртокот на 24 мај во Призрен ја потпишаа, А.Џафери(ДПА), И.Имери(ПДП) и А. Ахмети, политичкиот представник на ОНА. Моето мислење се разликува во голема мерка од оние што овие денови беа изнесени во јавноста.

Платформата Џафери-Имери-Ахмети, не е неразумна. Напротв!

Прво таа декларира воља да се положи оружјето и проблемите да се решаваат преку внатрешен политички процес.

Второ, се декларира дека реформите што ке треба да се направат нема да го загрозат интегритетот на Македонија И дека каков било обид за етничка поделба ке им нанесе штета на жителите на Македонија и мирот во регинот.

Во Платформата не се бара ништо повеке од она што политичките представници на етничките Албанци го бараат последните десетина години. Напротив, би рекла дека се бара помалку.

За да постигнат национален консензус, како пишува во Платформата, А.Џафери, И.Имери И А.Ахмети, морале да минат низ процес на разговори и мегусебни убедувања за да дојдат до решение, што има изглди на успех и што ке биде подржано и од мегународната заедница.

Според она што може да се прочита од Платформата, која е само основа за натамошни разговори, албанските лидери не го споменуваат барањето за конститутивен народ. Ова барање има практична смисла само доколку постојат изгледи Македонија да се преуреди како федерација или конфедерација што впрочем беше заедничка стратегија на Албанците од регионот, од самиот почеток на деведесетите. Денес, заради присуството на НАТО во регионот како и заради приоритетот Косово да добие независност, реалните изгледи за федерализација на Македонија се смалени.

Бидејки операцијата на претворање на Македонија од унитарна држава во федерација или конфедерација, ке предизвика нова нестабилност во регионот од причина што мнозинството на етничките Македонци,,не го прифакаат решението, во Платформата се застанува на барање за некој вид на нетериторијална или културна автономија, која заедно со децентрализација на власта(јакнење на локалната самоуправа) ке гарантира повеке од она што досега Албанците во Македонија го имаа, но помалку од она што порано, пред кризата го бараа.

Она што сме-поделено општество-ке добие извесна правно-политичка легитимација, тоа е вистина, но Македонија со тоа може да избегне или да одложи распагање низ слична или поголема криза, која ке предизвика интервенција од надвор.

Што се етнички права, бидејки клучното барање во Платформата е воведување на консенсуална демократија во области што се однесуваат на етничките права? Дали е тоа некој подмолен чекор кон делење на Македонија по должина на некоја етничка линија, низ уште поголема криза? Не, не треба така да пристапиме на Платформата, доколку навистина не сакаме да дојде до територијално делење или доколку потајно, свесно или несвесно не се надеваме дека оваа или некоја слична криза во иднина, ке ги принуди сите Албанци да ја напуштат територијата на Македонија и веке никогаш да не се вратат!

Во Платформата не се набројуваат етничките права и тие веројатно ке произлезат од процесот на преговори, доколку до него дојде. Она за што албанските лидери се согласиле во Платформата, е тоа дека реформите нема да го доведат во прашање територијалниот интегритет на државата. Тоа би требало да значи дека правото на самоопределување до отцепување, не спага во етнички права. Правата од економската сфера исто така не е многу веројатно дека ке бидат третирани како посебни етнички права. На пример, сеуште ни е свежо секавањето за тоа дека правото на вето врз ваков вид на одлуки, во бившата Југословенска федерација беше едно од важните причини за неефикасност, и во крајна сметка, за економски (и политички) колапс. Остануваат образовните и културните прашања, како етнички права, за кои се бара избегнување на мајоризација. Се разбира дали за сите прашања од оваа сфера, во кој обем и како ке се применува правото на вето е работа на политичко усогласување на партиите во власта. Како и да е, резултатот мора да произлезе од согласноста на сите. Консенсуалната демократија мора волно да биде прифатена од страна на мнозинството како потребен механизам за адаптација на двете најголеми етнички и јазични заедници во Македонија. Инаку ке лизгаме кон се подлабока политичка и безбедносна криза. Ние Македонците ја носиме најголемата одговорност за опстанокот на државата и мора да разбереме и да прифатиме дека промени се нужни. Граганите мора да го чувствуваат системот како праведен(колку-толку) за тој да биде легитимен и прифатен од сите, Ако некој принцип на државно уредување, како што е граганскиот,(одн. мнозинската демократија) е добар за етнички хомогени општества, тој очигледно не е доволно добар за поделени општества како што е нашето. Ако немаме слух за тоа дека дел од нашите грагани-Албанци, не го чувствуваат системот како праведен, како што немавме во доволна мера предходните десет години, тогаш се соочуваме со криза која не доведе на самиот раб на граганска војна. Но сакам да подвлечам истовремено, дека ниту едно решение, било да се вика граганки или консенсуален концепт, не е гаранција за успех, како што покажува историјата. Се зависи од нас самите. Примерот на Кипар е многу поучен: таму моделот на консоционална демократија кој функционираше од 1960 до 1963 пропадна заради тоа што, од една страна мнозинството од етнички Грци неволно го прифати овој модел, додека малцинството, Киприотските Турци, претераа во употребата на правото на вето!

Да ги оладиме главите. Хистеријата што овие денови се истура низ медиумите е под нашето цивилизациско ниво! Тоа не ке не одведе никаде. Тугиот национализам веднаш го препознаваме и сме жестоки во неговата осуда, но кон сопствениот сме толерантни. Ја повторуваме историјата на Србите, по секоја цена да го наметнеме нашето решение. Судирот на македонскиот национализам со оној на Албанците кој е, сосема очигледно во подем И кој заслужува еднакво силна осуда, директно не води во перманентна криза.

Ние, како Македонците така и Албанците во историска смисла сме млади нации кои во кратко време и не секогаш само по своја заслуга добиле многу:било држава, автономија или некои специјални права и не знаат каде да запрат. Предизвикувајки нестабилност, ризикуваме надворешна интервенција, каде исходот кој добива колку а кој губи е сосема неизвесен.

Деновива, како реакција на Платформата Џафери-Имери-Ахмети, дојде до полн израз она што може да се именува како силен изблик на македонскиот национализам. Ние дури и не го препознаваме бидејки легитимното национално чувство кое инспирира акти на хероизам и извртениот, шовинистички национализам кој води кон беда и хаос се премногу блиску поврзани состојби на колективниот ум.